Во Куманово и во Липково по еден новозаболен од ковид-19

294

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира само двајца новозаболени од Ковид 19, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. По еден пациент е регистриран во општините Липково и Куманово.

– Денеска, се извршени 40-тина тестирања – соопшти директорот на установата, доктор Ариф Љатифи вклучително по „Мој термин“, епидемиолошки индикации и контролни тестови.






На подрачјето на Центарот за јавно здравје од почетокот на епидемијата ковид дијагностицирани се 694 лица, од кои во моментов се активно 241 лице.

– Oд вкупно активните 142 се во Липково, останатите 99 во Куманово – изјави д-р Љатифи.

Поврзани содржини