Филипче: Казни за пациентите кои ги лажат лекарите, огромен број заразени се поради неточни податоци

1,284

За тоа што има се поголем број заразени со вирусот, а кои го кријат тоа и даваат лажни податоци и за нив и за состојбата во семејствата, министерот за здравство, Венко Филипче, е категоричен:

– На лекарите треба да им  се даваат точни податоци. Кај пациентите кои не кажуваат точно колегите веќе се сомневаат дека можеби ќе има случај на давање неточни податоци и им пристапуваат  внимателно. Ако се вратиме на почеток на епидемијата, огромен број луѓе кои ги дијагностициравме, сосе првиот сучај, беше токму заради несоработка и недавање точни податоци – рече министерот  Филипче во Владата.






Тој додаде дека пациентката која влегла од Италија на преминот Табановце не кажала на граничниот премин дека е болна,.

– Таа влезе директно во болница, а исто и наредните патници кои доаѓаа од Италија. Сега е  истиот проблем – праќаме апели и интензивно разговараат со нив здравствените работници, прават детални прегледи, особено при земањето податоци и се обидуваат да се заштитат себеси, но и институцијата. Ќе инсистирам ова да функционира – рече Филипче.

Тој најави дека нормалното фунционирање на клиниките се очекува да почне од следниот понеделник.

Поврзани содржини