Кривична пријава за владиката Амфилохиј

Како што е наведено во пријавата, постои сомнеж дека владиката Амфилохиј направил кривично дело градење објект без пријава и документација за градење.

531

Улцинската полиција поднесе кривична пријава против Митрополијата црнгорско-приморска (МЦП) и митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј, поради изградбата на конакот во манастирот Свети Василиј Острошки.

Како што е наведено во пријавата, постои сомнеж дека владиката Амфилохиј направил кривично дело градење објект без пријава и документација за градење.






Инаку, конакот вчера беше срушен со полициско обезбедување, а надлежните велат дека овој објект бил нелегален и дека ја нарушувал амбиенталната целина.

Поврзани содржини