Мицкоски: Дојде чета на МВР како во кафеаната да седеше терорист

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, рече дека Зоран Заев и Андреј Жерновски би биле најсреќни тој да се повлече од политиката.

2,876

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, рече дека Зоран Заев и Андреј Жерновски би биле најсреќни тој да се повлече од политиката.

– Сигурен сум дека Жерновски и Заев дека ќе бидат најсереќни да ме нема на политичка сцена. Ќе имаат трас трас судство, бизнис со марихуана… но ќе почекаат да не го видат Христијан во политиката, ќе го победам Заев на избори и ќе му покажам како се води државата – истакна Мицкоски.






По реакциите откако тој синоќа беше виден во еден угостителски објект во Дебар Маало во затворен простор, Мицкоски искоментира:

– Чета на МВР дојде како во центарот на градот да имаше терорист. Не ми беше укажено во кафаната дека е забрането да се престојува внатре. Навистина не знаев дека е така, се извинив на јавноста преку социјалните медиуми и според закон ќе си ја платам казната. Протоколите се менуваат на дневна оснонова, се извинив човечки.

Поврзани содржини