Британскиот принц Чарлс (71) изјави дека „лесно поминал“ со новиот коронавирус, од кој се зарази на почетокот на епидемијата во март.
Тој откако дознал дека е позитивен на Ковид-19, се повлекол во самоизолација, а во текот на болеста имал лесни симптоми.
– Имав среќа, но бев заразен со вирусот и целосно можам да ги разберам луѓето низ што минувале – истакна британскиот принц, додавајќи дека сочувствува со оние кои загубиле свој близок.
Принцот Чарлс помина седум дена во карантин во својата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) била негативна на тестот.