Урната конструкцијата за панорамскиот лифт во ГТЦ
Од „ГТЦ“ велат дека го послушале гласот на граѓаните и се откажале од намерата да изградат панарамски лифт кој ќе беше наменет за лицата со хендикеп до паркот кој е направен на кровот на „ГТЦ“.
Денеска беше урната железната конструкција, откако по реакцијата на граѓаните пред еден месец беше стопирана градбата на панорамскиот лифт на влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ), кај вртените скали.
Од „ГТЦ“ велат дека го послушале гласот на граѓаните и се откажале од намерата да изградат панарамски лифт кој ќе беше наменет за лицата со хендикеп до паркот кој е направен на кровот на „ГТЦ“.
Според информациите за изградбата на овој лифт требаше да бидат потрошени околу 4 милиони денари односно 65.000 евра.
Претходно, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов рече дека на „ГТЦ“ не му треба панорамски лифт и тоа го спореди со замислата „ГТЦ“ да биде „облечен“ во барокна фасада.