Димитров: Главен државен интерес се функционални институции, изборите се решение за тоа

436

Носителот на првата изборна единица од СДСМ Никола Димитров порача дека мора да се искористи периодот пред најавите за наесен за втор бран на коронавирусот и сега да се оди на избори. Тој денеска беше на координативна средба со кандидатите за пратеници во првата изборна единица, но рече дека сѐ уште не ја почнале предизборната кампања.

– Главниот државен интерес во овој период е да бидат институциите целосно функционални, да нема дилеми околу целосно спроведување, почитување на мерките, да има Собрание и да има политички мандат за други прашања, вклучувајќи ги пристапните преговори. Тоа е важно и за политичкиот кредибилитет на владата, да креира политики, а нас не чекаат и преговори со ЕУ. Преговарачката рамка ќе биде главна водилка за сите реформи – рече Димитров.






Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека засега нема договор за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, но дека се вложуваат напори за да се дојде до консензус за датумот за избори.

 

 

 

 

Поврзани содржини