Холивудскиот актер Метју Пери повторно го активирал својот профил на апликацијата за наоѓање партнерка, по прекинувањето на врската со Моли Хурвиц.
Ѕвездата на хит серијата „Пријатели“, Метју Пери (50), неодамна ја прекинал љубовната врска со 21 година помладата девојка Моли.
Како што пренесуваат американските медиуми, не е познато зошто Метју ја прекинал љубовната врска, но тој за брзо време се посветил на барање нова љубов.
Наводно преку апликацијата „Ray“, само неколку седмици подоцна тој бара нова девојка.
– Се врати на барањето девојки преку интернет и им испраќа пораки – изјавил извор за „ЈуЕс викли“. Метју во текот на врската со Моли, го избришал својот профил на апликацијата „Ray“, но сега очигледно повторно го вратил.
Актерот со агентката за таленти ја потврдил врската оваа година, но двајцата заедно биле забележани уште минатата година во некој ресторан. Набрзо откако нивната врска стана јавна, очигледно сè тргнало наопаку.
Моли им кажувала на своите пријателки дека ѝ се допаѓа Метју баш поради тоа што не е заслепен од неговата слава и поради тоа што се однесува нормално.
Сепак, извор за „ЈуЕс викли“ вели дека тоа не е вистина.
Тврдеше дека не ѝ е важна славата кај мажите со кои што е во врска, но всушност го сакаше вниманието кое што го добиваше поради Метју – изјавил изворот.