Филипче: Утре ќе се знае дали за празничниот викенд полицискиот час ќе се скуси, за границите се чека одговор од Атина

1,656

Утре ќе се знае дали ќе се скуси или продолжи полицискиот час  за време на претстојниот празничен викенд.

– Дискусија на Комисијата за заразни болести и за ова прашање ќе има утре, па сите мерки ќе бидат соопштени пред Централниот штаб. Најавивме отварање и на други економски субјекти неделава, како угостителски објекти,, но  утре и за тоа ќе знаеме. Мерките за следните чекори на економските  оператори ќе бидат  согласно  стручните препораки – изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денескa на прес-конференција.






За тоа кога Македонија ќе ги отвори границите, Филипче рече дека чекаме став од Атина за тоа како ќе се минуваат границите.

– Разговаравме со грчкиот колега за неколку опции што треба да ги дефинираме за отворање на границите. Денеска го испративме и официјално писмото, по нашиот состанок, и чекаме грчкиот колега да ни одговори дали минувањео на границите ќе може да биде без тестови, како ќе се скуси времето на чекање на граничните премини, да се избегнат големите гужви што сметаме дека е ризик. Исто така  и за опцијата да се пружи бесплатно лекување на сите заболени од ковид-19 од околнитеземји, бидејќи тој документ потоа сакаме да го дадеме и на други соседни земји  – одговори Филипче.

Во врска со зголемувањето на бројот на заболени овва недела кога имаме околу 10 отсто заболени, Филипче рече:

– Кога се носат одлуки за олабавување на мерките, не се земат во вид само вкупниот број позитивни од тестовите, туку и седум/осум други фактори како – процентот на бројот на пациенти во болниците, бројот на слободни болнички кревети, слободните респираторни машини и колку пациенти се поставени на нив, колку пациенти има во тешка клиничка слика, процентот од пациентите за кои знаеме како се заразиле и секако – Р0 факторот. Тоа што ни укажува дека и покрај тој зголемен број новодијагностицирани, епидемијата ја имаме под контрола е што многу други параметри во многу други градови опаѓаат и вкупен број на заболени и друго –  рече Филипче.

 

Поврзани содржини