Советници од ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов, каде се еко-автобусите што ги вети во 2018?

582

Петре Шилегов потфрли и не ги реализира клучните ветувања за Скопје еколошки град, реагира советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Анонимноста на Петре Шилегов станува негов заштитен знак. Анонимно се плаќа Дино Мерлин во износ на 100 илјади евра за една вечер, кажува дека анонимни граѓани садат трева среде центарот на плоштадот, анонимно се полнат кантите со отпадоци, само не се анонимни недостатокот на резултати и неспособноста да се менаџира со градот. Топ 5-те работи во екологијата кои ги вети ниту една не реализира. Шилегов вети Скопје град без смог, а реалноста е дека Скопје е еден од најзагадените градови во светот. Шилегов вети Скопје за Европска зелена престолнина во 2021 година, а Скопје во реалноста е измачена престолнина со најголемо загадување. И во 2019 беше одложена реализацијата на зелените коридори на Серава и Лепенец кои Шилегов во континуитет ги ветува уште од 2017 година“, велат советниците од ВМРО – ДПМНЕ.






Тие потсетуваат дека Шилегов вети град со јавен превоз со електрични автобуси, со постојните дизел-автобуси конвертирани во еколошки автобуси на гас.

„Најавените еко-автобуси уште во 2018 не допатуваа ниту во 2019 година, иако беше кажано така. Пропадна и идејата за субвенции за приватни автобуски превозници за адаптирање на постојните автобуси со мотори на еколошки горива за што Град Скопје веќе втора година имаше издвоено дури 20 милиони денари. Едноставно, и годинава, како и лани, не се пријавил ниту еден заинтересиран превозник. Шилегов вети дека Водно ќе го врати на Скопјани, но Водно го даде на дрво сечачите и багерите. Шилегов вети справување со дивите депонии, но тој наместо отстранување создаде нови. Ова се резултатите од неговото владеење, се друго е гол популизам“, се вели во реакцијата на советниците од ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани содржини