Неверојатна трансформација на Адел, сосема непрепознатлива! ФОТО

3,320

Откако таа изгубила дури 45 килограми во изминатата година, не престанува да се зборува за трансформацијата на пејачката Адел.

Адел ја објавила најновата фотографија за да им се заблагодари на обожавателите за роденденските честитки па луѓето се шокирани од нејзиниот нов изглед. Пејачката изгледа спектакуларно во тесниот црн фустан.






„Благодарам на сите за роденденската љубов. Се надевам дека сите останавте на безбедни и при здрав разум во ова лудо време. Исто така, би сакала да им се заблагодарам и на сите работници кои нѐ чуваат безбедни ризикувајќи ги своите животи. Вие сте навистина наши ангели“, напишала таа покрај фотографијата.

Криси Тејген, сопруга на музичарот Џон Леџенд, беше меѓу првите која се јави со коментир, која напишала: „Мора да се шегуваш“.

Таа добила и бројни други комплименти во коментарите.

„Таа половина“, „Изгледаш неверојатно“, „Не те препознав, ти си прекрасна“, „Која е таа и што направи со Адел?“, „Дали е ова реално? Речиси не те препознав“, „Како успеа да дојдеш до ваква половина?“, „Каква трансформација“, а фотографијата доби над милион лајкови за само еден час.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини