Заев, гостувајќи вечерва на Телевизија 24 а во врска со неодамнешната ситуација со Бугарија и спорот за идентитетот на Гоце Делчев, истакна дека Борисов го признава македонскиот јазик, а македонскиот јазик е составен дел и од Договорот за добрососедство со Бугарија.
Тој потврди дека разговарал сo премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
– Борисов го признава македонскиот јазик, македонскиот јазик е составен дел од Договорот за добрососедство со Бугарија не само зашто стои македонскиот јазик, согласно Устав, и бугарски јазик, согласно Устав. Тој е со македонски текст потпишан од мене и од премиерот Борисов. Бугарија сака да продолжи со решавањето на историската позиција. Го решивме спорот за цар Самоул, ќе најдеме и решение за Гоце Делчев – рече Заев.
Втора работа, додаде Заев, ако разговарате со нив нема дилеми за ова прашање.
– Прашањето е кога некој од внатре го отвора прашањето заради едностраната изјава која што Бугарија ја дава, а којашто е неусловен дел за нашиот датум за преговори, чиста е одлуката. Советот на министри ја потврди на 24-ти без било каков услов, на 26-ти и 27-ми Европскиот совет ја повтори без било каков услов, таму беше Бугарија која гласаше за таа работа – рече Заев.