Џонсон во своето прво обраќање по заболувањето: Жал ми е што бев отсутен (ВИДЕО)
тој рече дека пандемијата е најголемиот предизвик за земјата од Втората светска војна и истакна дека земјата напредува во таа борба.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека му е жал што толку долго отсуствувал од својата функција и му се заблагодари на Доминик Раб што го менувал, но и на граѓаните.
Во првото обраќање пред јавноста откако се опорави од ковид-19, тој рече дека пандемијата е најголемиот предизвик за земјата од Втората светска војна и истакна дека земјата напредува во таа борба, објави британски „Гардијан“.
Како што рече, има знаци дека Велика Британија го достигнала врвот на болеста и успеала да спречи преоптоварување на здравствениот систем.
– Значи можеме да кажеме дека започнува пресвртот. Вирусот е како арамија, тоа го велам од лично искуство и ова е моментот кога ќе почнеме да го „треснеме на подот“ – рече Џонсон.
Тој исто така рече дека е рано да се олабавуваат мерките, бидејќи второто појавување на вирусот би можело да биде катастрофално, но и да ја разбере загриженоста на продавачите, уметниците и секој што е вклучен во бизнисот.
– Треба да го разбереме ризикот од друг случај. Ве замолувам да ја ограничите својата нетрпеливост затоа што верувам дека сега доаѓаме до крајот на првата фаза на овој конфликт – рече Џонсон, додавајќи дека владата ќе ги ублажи мерките кога е сигурно дека нема да има втор бран.
Џонсон исто така рече дека сака да ја вклучи опозицијата што е можно повеќе во борбата против вирусот.