Пејачката Татјана Камерон Таjчи пронајде нова љубов две години по смртта на нејзиниот сопруг Метју Камерон.
По тешките моменти, Тајчи повторно има насмевка на лицето, и тоа благодарение на американскиот музичар Дејвид Ланглеј.
Таа сега за првпат проговорила за хрватските медиуми за новата врска и открила дека е многу среќна со Дејвид.
– Љубовта лекува сè. Ме привлекоа неговата автентичност, искреност, целосна посветеност, не криеме ништо, не се преправаме, си дозволуваме едни на други да ги споделиме и најлошите мисли и најлошата болка, тогаш чувствуваме дека сме подарок еден на друг – рекла големата југословенска sвезда за хрватската емисија „ИН магазин“.
– Убаво е кога можеме со некој да го споделиме она што најмногу ни значи, убавите моменти, музиката, смеата, дружењето, смиреноста – додала пејачката.
Тајчи со години живее во Америка, а како што навело нејзиното семејство, таа добро го поднесува периодот на изолација.
– Дома имам три сина и девојка на најстариот син, добро се снаоѓаме, сите имаме некои проекти, креативни сме – раскажала таа.
Тајчи беше во брак со Метју Камерон 17 години, а тој за жал, се разболе од непушачки рак на белите дробови и по долга и макотрпна борба почина од подмолната болест.