СИНДИ КРАФОРД И СОПРУГОТ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПРИБЕРАТ ПО ЗАГУБАТА НА СИНОТ Пепелта на Присли ќе остане во нивниот дом во Малибу, а испраќањето го организираат со тешко срце

Родителите на 27-годишниот Присли Гербер сакаат интимна церемонија без медиуми и папараци, но секоја одлука им е особено тешка додека се обидуваат да ја прифатат загубата на синот.

1

Синди Крафорд и Ренди Гербер сè уште се обидуваат да ги организираат деталите за испраќањето на нивниот син Присли, кој почина на 27 години како последица од предозирање.

– Тешко е да се носат такви одлуки кога сите емотивно се борат со загубата – изјавил извор за „Пипл“.






Според истиот извор, приоритет на семејството е церемонијата да биде целосно приватна, без медиуми и папараци. Друг извор за „Пипл“ открил дека 60-годишната Синди и 64-годишниот Ренди сè уште ги разгледуваат деталите.

– Сè уште одлучуваат. Сакаат да биде многу интимно, но има толку многу луѓе во животот на Присли кои го сакаа што бројот на луѓето што се јавија и сакаат да присуствуваат е голем – рекол изворот.

Според информациите, семејството најверојатно ќе го организира собирот во Малибу, место со кое Присли бил особено поврзан. Тој ги сакал сурфањето и плажата, па токму затоа Малибу се наметнал како можна локација за интимното испраќање.

Според „ТМЗ“, телото на Присли е кремирано во погребалната куќа „Роуз“ во Калифорнија, а неговата пепел ќе остане во домот на неговите родители во Малибу.

Синди и Ренди, во меѓувреме, се обидуваат да се справат со загубата на својот единствен син. Извор близок до семејството претходно за „Пипл“ нагласил дека ова никогаш не било семејство во кое родителите биле отсутни од животот на своите деца.

– Ова никогаш не беше ситуација во која двајца отсутни родители од Холивуд не се грижеа за своето дете. Тие секогаш беа тука за него и правеа сè што можеа за да му помогнат. Семејството отсекогаш беше исклучително блиско, а Присли беше многу сакан и поддржуван – рекол изворот.

Присли почина на 20 септември во објект за рехабилитација во Санта Моника, каде што се пријавил само неколку дена претходно. Според изворите, тој самиот знаел дека му треба помош и сакал да се ослободи од зависноста.

„Тој знаеше дека му треба помош“, изјавил извор за „Пипл“. „Многу, многу силно сакаше да се ослободи од зависностите.“

Присли со години отворено зборуваше за своите проблеми со зависноста од опиоиди и за депресијата. Во минатото дури и јавно зборувал за својата борба за да создаде чувство на одговорност и да им покаже на другите дека не мораат сами да минуваат низ такви проблеми.

Неговата смрт особено тешко ја поднесува неговата помлада сестра Каја Гербер. 25-годишната манекенка и Присли биле исклучително блиски, а извори претходно рекоа дека биле „многу повеќе од брат и сестра“ и дека биле најдобри пријатели.

– Каја и Присли беа неверојатно блиски. Не знам како ќе продолжи без него – изјавил извор за „Пејџ сикс“.

Каја, која исто така изгради кариера како манекенка, и Присли пораснале заедно во Малибу. Нивната блискост била толку голема што Присли во 2018 година дури го истетовирал името на сестра си на раката.

Семејството сега бара приватност додека се обидува да ја процесира загубата. Во исто време, бројни пријатели и луѓе кои го познавале Присли се јавуваат кај семејството и сакаат да бидат дел од испраќањето, што дополнително ја отежнува одлуката за тоа колку луѓе да бидат присутни.

 

Поврзани содржини