ММФ: Ќе бидат потребни над 8 трилиони долари за надминување на кризата

Колку повеќе ќе зависи од тоа колку се ефикасни итните мерки и колку брзо ќе се повлече вирусот - вели Георгиева.

517

Светската заедница ќе мора да мобилизира повеќе од 8 трилиони долари за вонредните мерки за надминување на тековната глобална економска криза, рече Управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на прес-конференција во Вашингтон.

– Веќе се потребни, ова е точно. Колку повеќе ќе зависи од тоа колку се ефикасни итните мерки и колку брзо ќе се повлече вирусот – истакна таа пред да ги отвори виртуелните пролетни состаноци на ММФ и Светската банка.






Кристалина Георгиева ги претстави даночните и фискалните мерки од 8 трилиони долари, донесени од многу влади и инфузијата на ликвидност на централните банки во вредност од над 6 трилиони долари.

Економијата на европските земји е особено погодена од кризата со новиот коронавирус, рече Георгиева, додавајќи дека предвидувањата за раст следната година се мрачни. Според ММФ, светската економија ќе се намали за 3 проценти во оваа година.

Поврзани содржини