Холивудскиот актер Том Хенкс (63) во улога на водител во хумористичната серија „Saturday Night Live“ на духовит начин раскажал како изгледало неговото лекување од коронавирусот и каков му е животот сега.
– Не грижите се, избриченава коса ми е заради улога, расте бавно. Многу е добро да се биде овде, но исто така е и чудно, да ја водам емисијата од дома. Чудно време е за шега, но да се обидуваш да бидеш смешен е поентата на шоуто – рекол Хенкс на почеток на емисијата.
Тој објаснил дека луѓето во негово присуство не знаеле како да се однесуваат.
– Никој не сака да биде покрај мене многу долго и на луѓето им е непријатно да бидат покрај мене – рекол Хенкс, кој го преболе ковид-19.
Актерот ги пофалил лекарите кои му помогнале во Австралија, каде му беше дијагностициран коронавирусот. Тој и сопругата Рита Вилсон (63) сега се дома во САД и повторно се изолирале.
– Овој костум е прво нешто што сум облекол, а да не е тренерка уште од 11 март. Сопругата ми помогна да го облечам, бидејки заборавив како функционираат копчињата – се пошегувал Том.
Том Ханкс и неговата сопруга беа меѓу првите славни личности кои се заразија од коронавирусот. Нивната борба и закрепнување јавноста будно ја следеше цел месец, а потоа јавија дека се негативни.