Светските букмејкери имаат квоти за тоа кој и кога ќе ја открие вакцината
Според коефициентите, Светската здравствена организација најверојатно ќе објави до 31 декември дека вакцината не е направена, велат агенциите.
Светските букмејкери, во отсуство на спортски настани, нудат облози поврзани со коронавирусот, но се избегнува обложувањето на број на смртни случаи или инфицирани.
Руските букмејкери, кои нудат обложување за откривањето на вакцината против ковид-19, се во првите редови.
Според коефициентите, Светската здравствена организација најверојатно ќе објави до 31 декември дека вакцината не е направена, велат агенциите.
Исто така, постои коефициент дали шефот на „Тесла“, Илон Маск ќе објави дека ја открил вакцина, кој изнесува дури 200.
Букмејкерите исто така сугерираат дека е голема веројатноста дека ќе се направи видео игра до крајот на годината за борба против коронавирусот.
Оние кои сакаат можат да се обложат дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе направи привремена клиника за пациенти заболени од коронавирус од неговата „Трамп кула“ во Њујорк.