Медоу Вокер одушеви илјадници фанови на нејзиниот трагично загинат татко Пол Вокер, кои ја следат на Инстаграм.
Ќерката на актерот Пол Вокер објави снимка од нејзиниот татко на својот профил која никој досега не ја видел. На снимката, таа влегува во хотелската соба на татко ѝ и го изненадува за неговиот роденден.
Пол Вокер се смее на видеото и ѝ вели на својата ќерка дека е многу го исплашила, а потоа силно ја прегрнува.
Снимката ги трогна сите што ја виделе на Инстаграм, а за само неколку часа е прегледана половина милион пати.
„Мислев дека никогаш нема да го објавам ова, но некако ми изгледа дека тоа е исправно. Бидете добри. Ве сакам. Останете безбедни“, напишала Медоу.
Пол Вокер загина на 30 ноември 2013 година во тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија. Вокер, кој тогаш имаше 40 години, во моментот на несреќата се наоѓал на совозачкото седиште во автомобилот со кој управувал неговиот пријател, кој исто така настрада во несреќата во местото Санта Кларита.
Вокер е најпознат по улогите во филмскиот серијал „Брзи и бесни“.
View this post on Instagram
I never thought I’d share this. But it felt right. Be good. I love you. Stay safe. xx