До неодамна незамислива глетка: Погледнете како денес изгледа Венеција ВИДЕО

876

Италија и понатаму се бори со коронавирусот, а каква е состојбата во таа земја, во моментот покажува вчерашната снимка од Венеција.

Празни канали во Венеција и само по некој минувач се глетките кои уште пред неколку месеци беа сосема незамисливи. Погледнете како сега изгледа Венеција.

Инаку, последните денови имавме можност да видиме некои објави во кои се зборува дека лебедите и делфините се вратиле во венецијанските канали, но за жал, тоа не било вистина.

Споменатите лебеди редовно се појавуваат во каналите на Бурано, остров во Венецијанската лагуна, па не е ни чудо што се снимени таму.

Наводните делфини во Венеција се, всушност, снимени во едно пристаниште во Сардинија, кое е стотици километри оддалечено од Венеција.






FOTO: Jutjub/Skrinsot

Поврзани содржини