Нови 72 граѓани заразени со коронавирус, еден починат

Меѓу новозаразените е и двегодишно дете кое е во стабилна состојба. По градови, најмногу заразени има во Куманово - 21, во: Скопје – 14, во Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2 и седуммина во Кочани.

1,125

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови, најмногу заразени има во Куманово – 21, во: Скопје – 14, во Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2 и седуммина во Кочани. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 555 лица, информира Министерството за здравство. Меѓу новозаразените е и двегодишно дете кое е во стабилна состојба.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денеска заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

Поврзани содржини