34-годишен орангутан научил да ги мие рацете, гледајќи ги луѓето ВИДЕО

472

Орангутаните се познати по тоа што ги копираат движењата на луѓето, а кога овој орангутан ги видел нејзините старатели како ги мијат рацете – решил да го стори тоа самиот.

Орангутанот Сандра, која живее во живеалиштето за орангутани на Флорида, научи да ги мие своите раце темелно, исто како луѓето кои се грижат за неа.






„Дефинитивно ги триеше рацете подолго од 20 секунди, одлично завршена работа, Сандра“, напишале од центарот покрај симпатичното видео.

Сандра е родена на 14 февруари 1986 година, во зоолошката градина во Росток, Германија. Поголемиот дел од животот го поминала во Буенос Аирес, Аргентина, каде била присилена да живее сама, без други орангутани. За среќа, еден судија од Аргентина ѝ овозможил подобри животни услови и Сандра во 2019 година пристигнала во Центарот за големи мајмуни каде живее со 22 други орангутани, пренесува „Bored Panda“.

Во јануари, орангутанката го прославила својот 34-ти роденден, а негувателите по тој повод ѝ приредиле роденденска забава.

 

 

FOTO: Skrinsot/Tviter

Поврзани содржини