Комичарот Еди Ларџ почина на 78-годишна возраст од последици на коронавирусот, пренесува британски „Мирор“.
Тажната вест ја потврди и неговиот син Рајан МекГенис (26).
– Тој страдаше од срцева слабост, а додека беше во болница се зарази со коронавирусот за кој неговото срце не беше доволно силно. Многу ќе ни недостасува, горди сме на него и на сè што постигна во својата кариера – напишал Рајан.
Ларџ починал во болницата, без дозвола да прима посети од неговото семејство или пријателите заради строгите правила околу спречувањето на ширењето на коронавирусот.
Тој и комичарот Сид Литл (72) беа за многумина омиленото комично дуо. Тие беа познати под прекарот „малиот и големиот“. Нивното пријателство траеше со децении, дури и откако беа принудени да престанат заедно да настапуваат заради лошата здравствена состојба на Еди.
– Тој телефонски повик упатен до Сид беше најлошото нешто што требаше да го направам. Плачев, затоа што знаев дека го оставам без работа – рекол своевремено Еди Ларџ.
FOTO: Mirror.uk/Skrinsot