Рама излезе на улиците на Тирана, проблем се непослушните пензионери

Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома.

675

По секојдневните апели до граѓаните,особено кон повозрасните, да седат дома, албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошета по неколку улици и пазари во Тирана за да ги советува граѓаните да одат во нивните домови и да не излегуваат без многу важна причина.

Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома.






Наведува дека избрал да оди без маска и ракавици затоа што го почитувал растојанието од најмалку еден метар.

– Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде сосотојбата беше многу позитивна. Проблем се пензонерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение – напиша Рама

– Не ме прашувајте зошто немам маска и ракавици – додава Рама и објаснува: – Повторувам дека маската и ракавиците не се за пешаците, туку за болните, за оние кои се грижат за заболено лице или оние кои имаат можности за близок контакт воопшто… Пешаците доволно е да се придржуваат кон правилата, особено растојанието од еден метар, да не се ракуваат, да киваат и кашлаат според препораката – пишува Рама.

Поврзани содржини