МВР предупредува: Лажни наградни игри се појавија на Фејсбук
„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности“, стои во соопштението.
МВР соопшти дека на социјалната мрежа Facebook се забележани групи кои, претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните.
Групите од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош), како и нивните податоци од платежни картички со единствена цел – искористување на податоците за натамошни криминални активности.
„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности“, стои во соопштението.