15.000 СЛАДОЛЕДИ ЗА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ Папата ги освежи станарите на римските затвори

Во соопштението од канцеларијата на папата за хуманитарни акции се наведува дека сладоледите биле испратени во затворите на Регина Коели и Ребиби.

185

За време на едно од најжешките лета во историјата на Италија, папата Франциско испрати 15.000 сладоледи на затвореници во два римски затвори, објави Ватикан.

Во соопштението од канцеларијата на папата за хуманитарни акции се наведува дека сладоледите биле испратени во затворите на Регина Коели и Ребиби.






Сладоледот го однел полскиот кардинал Конрад Крајевски, човекот на Папата за помош на сиромашните, инаку еден од најмладите кардинали кој има 57 години.

Канцеларијата на Крајевски, исто така, објави дека медицинска опрема во вредност од 600.000 американски долари е испратена на Мадагаскар, како и 2,37 милиони долари помош за реконструкција на медицински установи во три неименувани африкански земји.

Поврзани содржини