ОД МИНУС 21 ДО ГОЛЕМА ПОБЕДА НА КАДЕТИТЕ ВО КОШАРКА Ја „скршија“ Швајцарија во фуриозно второ полувреме

Македонските кошаркари до 16 години губеa со 21 поен, но направиja голем пресврт и славеa со 89-76. Утре против Украина ќе се решава четвртото место во групата.

89

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години направила голем пресврт за втора победа на Европското првенство, Б дивизија, во Гевгелија. Кадетите ја совладале Швајцарија со 89-76, иако во еден момент губеле со дури 21 поен.

Македонија лошо го одигра првиот дел, но целосно ја промени сликата во продолжението. Пресвртот кулминираше во последните 13 минути, кога домаќинот ја стопи предноста и го презеде натпреварот.






Швајцарија побегна на огромни 21 поен

Македонските кошаркари добро го отворија натпреварот и повеле со 4-0, а потоа и со 6-5. Следуваше голем пад во играта.

Швајцарија ја презеде контролата и ја доби првата четвртина со 30-16.

Противникот продолжи во ист ритам и во вториот период. Предноста во еден момент достигна 21 поен, а на полувреме Швајцарците водеше со 53-38.

Осум поени во низа го запалиле пресвртот

Македонија покажа сосема поинакво лице во второто полувреме. Клучниот налет почна во завршницата на третата четвртина. Со серија од 8-0, македонските кадети ја намалија негативата на само 3 поени.

Швајцарија во последната четвртина влезе со предност од 67-64, но натпреварот веќе доби поинаков тек.

Од 70-70 до плус 13

Македонија израмни на 70-70 во 33. минута, а веднаш потоа првпат по долго време го презеде водството.

Швајцарците веќе немаа одговор. Македонските кадети продолжија да ја зголемуваат разликата и на крајот славеа со убедливи 89-76.

Македонија утре ќе игра против Украина во натпревар кој треба да го реши четвртото место во групата.

Поврзани содржини