🎥 ДОДЕКА Е ХАЛАНД НА ОДМОР, ПОЛН БРОД ОБОЖАВАТЕЛИ МУ ПРИЈДОА СО БРОД Еве како реагираше норвешкиот фудбалер на неочекуваните гости

Норвешкиот фудбалер се одмора на луксузна јахта покрај Сицилија, но не очекуваше дека ќе му пристигне цел брод полн со љубопитни обожаватели. Неговата реакција стана хит на социјалните мрежи

289

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), е на одмор по настапот на Светското првенство, пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата. Халанд решил да го помине  одморот на Сицилија, но неговиот престој таму не поминал незабележано. Додека се одмора на јахтата, до него се приближи брод полн со обожаватели, кои му довикуваа и го фотографираа, а снимката од необичната ситуација брзо се прошири на социјалните мрежи и на Јутјуб.

Халанд во видеото со неверување ја коментира ситуацијата.






– Организираат туристички тури со брод. Поминуваат покрај местото каде што престојувам – вели фудбалерот, а потоа се шегува имитирајќи туристички водич:

– Дојдете и погледнете каде престојува Ерлинг Халанд. Никогаш немам видено нешто слично – вели тој, а неговата реакција ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.

Халанд привлече големо внимание и надвор од теренот за време на Светското првенство. На социјалните мрежи масовно се ширеа негови фотографии и снимки, а фановите особено ги издвојуваа неговото опуштено однесување и реакциите пред камерите.

Норвешкиот напаѓач така стана еден од највиралните фудбалери на турнирот, а неговите најинтересни моменти редовно се споделуваа на интернет. Очигледно, популарноста продолжила и додека е на одмор.

Поврзани содржини