ЖЕРНОВСКИ 20 ГОДИНИ НА ДРЖАВНА СМЕТКА ЈА ЦИЦА ДРЖАВАТА Самиот се препозна како талогот на општеството, му порача ВМРО-ДПМНЕ

Токму тој Андреј Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени, му одговори ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

„Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Зоран Заев и Венко Филипче го крадеа и го уништуваа. Ликови како овие тројца ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб, да им биде подлабок, и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Тој систем веќе 2 години се менува, додава партијата.

„Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и на нивните интереси, а не на својот џеб“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски денеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“.

–  Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“ – рече Жерновски.

Поврзани содржини