ЖЕНА КРШЕЛА ПО ДОМА И ГО НАДНАЛА СОПРУГОТ, ПОЛИЦИЈАТА ЈА УАПСИ Тепани и золва и дете, 6 нови пријави за семејно насилство

Шест пријави за семејно насилство добила полицијата во изминатото деноноќие, а тројца насилници се уапсени.

2

Шест пријави за семејно насилство добила полицијата во изминатото деноноќие, а тројца насилници се уапсени.

Тепале и мажи и жени, а тепани се и деца.

„На 11.5.2026 година во 10:40 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.Д.(52) од Скопје, по претходна пријава дека на 10.05.2026 околу 2:30 часот и на 11.5.2026 околу 08:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 47-годишна партнерка, кој употребил и тврд предмет“, соопшти МВР.

Полицијата денеска уапси жена која го нападнала сопругот и кршела по дома.

„На 12.5.2026 година во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода А.К.Ј.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 11.5.2026 година околу 22:15 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички го нападнала нејзиниот 41-годишен сопруг, при што употребила тврд предмет, а притоа оштетила и дел од покуќнината. Според пријавеното, пријавителот и претходно бил психички и физички малтретиран од неговата сопруга“, соопшти полицијата.

Третиот уапсен насилник е од Куманово.

„На 11.5.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(36) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга“, се вели во соопштението од МВР.

Една пријава е за татко кој нападнал син.

„На 12.5.2026 во 1:30 часот во СВР Скопје 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на 7 мај околу 2 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил кај него“, соопшти полицијата.

Во Кочани вчера 40-годишна жена од Кочани пријавила дека, по претходна расправија во домот, нејзиниот сопруг Д.Ј. физички ја нападнал, а според пријавеното, тој и претходно се однесувал агресивно и физички ја малтретирал.

И во Охрид има пријава каде насилство извршила жена.

„На 11.5.2026 година во СВР Охрид е извршен службен разговор со А.В.(37) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот дека физички ја нападнала 55-годишната сестра на нејзиниот сопруг и нејзиниот 37-годишен син, при што употребила и метален предмет“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Поврзани содржини