ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 4.350.000 ДЕНАРИ ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ 24-ТОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Банско доби терен за ракомет, фудбал, кошарка и за одбојка
Со донации од над милион евра овозможивме функционалност на 24 игралишта низ Македонија, со што придонесуваме за општествениот развој и унапредување на животот на луѓето во нашата земја, соопшти Видеолотарија Касинос Австрија.
Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го реконструираше мултифункционалното игралиште во состав на ООУ „Маршал Тито“ во Банско. За реконструкцијата на игралиштето, Видеолотарија донираше 4.350.000 денари, соопшти компанијата.
Како општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија континуирано инвестира во проекти што создаваат подобри услови за младите и за локалната заедница. Спортот е двигател на позитивни промени, тој учи на дисциплина, тимска работа, почит и истрајност, вредности кои се важни и на теренот и во секојдневниот живот.
„Со задоволство споделуваме со јавноста дека со донации од над милион евра овозможивме функционалност на 24 игралишта низ Македонија, со што придонесуваме за општествениот развој и унапредување на животот на луѓето во нашата земја. Најновото мултифункционално игралиште во село Банско, општина Струмица, е целосно реконструирано и опремено за ракомет, фудбал, кошарка и за одбојка. Поставени се нова подлога и нова заштитна ограда, а обезбедени се и сите потребни спортски реквизити, со цел да се поттикнат спортските активности, рекреацијата и здравите навики кај младите и жителите од заедницата“, соопшти компанијата.
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за донацијата и за успешната соработка, потенцирајќи дека ваквите проекти имаат значајна улога во развојот на спортската инфраструктура и во создавањето подобри услови за младите.
Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина ќе продолжи одговорно да ја реализира својата мисија – создавање современи зони за спорт, игра и за рекреација низ целата земја. Преку оваа стратегија, компанијата активно придонесува кон развојот на спортскиот дух, промоцијата на здрави животни навики и унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните.