ЗАВРШЕНА Е ПРВАТА ГАЛЕРИЈА НА АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО За стабилизација на свлечиштата ќе се изградат 14 галерии

Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, соопшти министерот за транспорт, Александар Николоски.

2

Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. галерии, објави министерот за транспорт Александар Николоски.

„Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево. Продолжуваме да ја градиме Македонија“, објави Николоски на Фејсбук.

Тој сподели фотографија од првата изградена галерија на автопатот.

 

Поврзани содржини