ЗЕЛЕНСКИ БАРА САД ДА Ѝ ПРОДАДАТ НА УКРАИНА 5 ОТСТО ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ЗАЛИХИ НА „ПАТРИОТ“ Украина има сè помалку ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“.

1

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да ѝ продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел земјата да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети.

Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“.






– Оваа година Украина има два и пол пати помалку пресретнувачи отколку во 2025 година, додека Русија секој месец има двојно повеќе балистички ракети отколку порано. Ако САД ни продадат пет отсто, ќе ја преживееме зимата и ќе спасиме луѓе – изјави Зеленски.

Русија во последниот период еднаш седмично изведува напади врз Киев со балистички ракети. Во нападот извршен ноќта на 5 август во кој загинаа 17 лица, украинската противвоздушна одбрана не успеа да пресретне ниту една од 28-те истрелани руски балистички ракети.

Поврзани содржини