ЗАТВОРЕНА Е ШАХТАТА КАЈ СКОПЈАНКА Општина Аеродром стави капак, опасноста е отстранета

„Голема благодарност до службите од Општина Аеродром кои иако не е во нивна надлежност го решија овој проблем во интерес на безбедноста на граѓаните“, соопштија од ЦУК.

97

Опасноста од отворената шахта наспроти ТЦ Скопјанка во Општина Аеродром е отстранета. Ставен е капак на шахтата благодарејќи на службите од Општина Аеродром, инфромираат од Центарот за управување со кризи.

„Голема благодарност до службите од Општина Аеродром кои иако не е во нивна надлежност го решија овој проблем во интерес на безбедноста на граѓаните“, соопштија од ЦУК.






Претходно од Центарот за управување со кризи информираа за двете отворени шахти, едната спроти трговскиот центар Скопјанка, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот Кузман Јосифовски – Питу, зграда број 28, пред Спортлајф.

Како што пренесоа од ЦУК од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје биле информирани дека двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради. Директорот Стојанче Ангелов упати апел за итно решавање на проблемот бидејќи постои ризик граѓани да добијат сериозни повреди.

Поврзани содржини