ЗАГИНА ПРОФЕСОРКАТА САРА ПРОЈКОВСКА Беше придружен вокал на бендот ДНК
Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонреден професор м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани, соопшти Факултетот за музичка уметност.
Факултетот за музичка уметност ја потврди смртта на професорката Сара Пројковска, која загина во пожарот што избувна ноќеска во дискототеката „Пулс“ во Кочани.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонреден професор м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, соопшти Факултетот.
Пројковска беше придружен вокал на бендот ДНК.