ЗА ВИКЕНД ДОЖД, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ЧЕТВРТОК, ИСТО – ДОЖД Секое попладне услови за невреме
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 9 степени. а најтопло во Гевгелија, со температура до 33 степени Целзиусови.

Фото: УХМР
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 31 степен.
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
