ЗА МАЛКУ „ЌЕ СЕ БАКНЕЛЕ“ Авиони на НАТО пресретнаа 6 руски авиони над Балтичкото Море во последните 2 дена

Воздухопловните сили на Летонија објавија на платформата „Икс“ дека се идентификувани руски авиони кои летале без план за летање и со исклучени транспондери меѓу петокот и саботата, пренесува Политико.

510

Авиони на НАТО пресретнале 6 руски авиони над Балтичкото Море во последните 2 дена, соопшти летонската армија.

Воздухопловните сили на Летонија објавија на платформата „Икс“ дека се идентификувани руски авиони кои летале без план за летање и со исклучени транспондери меѓу петокот и саботата, пренесува Политико.






Германски авиони „Еурофајтер“ беа распоредени за да ги предупредат руските авиони и да ги придружуваат, се вели во соопштението.

Се додава дека летонскиот воздушен простор не бил нарушен.

Германските воздухопловни сили вчера одделно соопштија дека идентификувале 5 руски авиони кои летаат над Балтичкото Море и распоредиле „Еурофајтери“ за да ги следат.

Поврзани содржини