ВРЕМЕТО ПОМИНАТО СО СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ДО ГРАДИЛИШТЕ ИЛИ ДО ДРУГА ЛОКАЦИЈА ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА РАБОТНО ВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА Европскиот суд за правда пресуди во корист на работниците

Доколку работодавачот го пропише местото на состанокот и времето на заминување, а работниците не можат слободно да го користат своето време додека возат, патувањето од базата до градилиштето (и назад) мора да се смета за работно време - без оглед на тоа дали работникот вози или е патник.

99

Европскиот суд на правдата донесе одлука што носи промени за илјадници работници во Германија кои немаат постојана работа, но секојдневно се превезуваат со службени возила до градилишта, полиња и различни локации. Според новото толкување, времето поминато во овој вид превоз во одредени случаи мора да се смета за работно време, што за работниците со приходи блиску до законскиот минимум може да создаде значителна разлика во пресметката на платите.

Доколку работодавачот го пропише местото на состанокот и времето на заминување, а работниците не можат слободно да го користат своето време додека возат, патувањето од базата до градилиштето (и назад) мора да се смета за работно време – без оглед на тоа дали работникот вози или е патник.






Пресудата одредува кое е работното време, но правото на нивно плаќање се остварува според германските прописи, најчесто преку почитување на законскиот минимум.
За вработен кој поминува 80 минути дневно во службен превоз (22 работни дена месечно):

Во 2026 година (со минимална часовна плата од 13,90 евра), разликата во неплатените часови може да изнесува околу 408 евра бруто месечно.

Од 1 јануари 2027 година (со зголемување на минималната часовна плата на 14,60 евра), таа разлика достигнува околу 428 евра бруто месечно.

За да го остварат ова право работниците треба да водат точна евиденција за времето на поаѓање, времето на пристигнување и локациите, да го проверат договорот за вработување, колективниот договор и пресметките на платите и да се консултираат со синдикат или адвокат по трудово право, внимавајќи на кратките договорни рокови за застарување.

Поврзани содржини