📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) БОМБА РАЗНЕСЕ ГЕНЕРАЛ ВО МОСКВА Убиен висок руски воен функционер

Според тоа што може да се види на видеото, експлозијата е толку силна што телото на Москалик беше фрлено до влезот, а остатоци летаа стотици метри наоколу.

3,124

Руските медиуми објавија дека висок руски воен функционер е убиен откако автомобил-бомба експлодираше во Москва.

Според извештаите на медиумите, инцидентот се случил во областа Балашиха, едно од московските предградија.






Инаку станува збор за Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната дирекција за операции на вооружените сили на Русија.

Беше објавено дека бомбата во паркираниот автомобил била активирана со далечинско детонирање кога генералот, кој живеел во близина, поминал покрај возилото, објави Скај њуз.

Според Светлана Петренко, официјална претставничка на Истражниот комитет на Русија, голфот експлодирал на улицата Нестеров број 2.

– Првичните информации укажуваат дека во возилото имало рачно изработени експлозиви – изјави Светлана Петренко.

Се сомнева дека во автомобилот била инсталирана камера, која емитувала во живо кој поминува покрај автомобилот. Кога Москалик се појавил околу 10:40 часот, експлозивот бил активиран со далечински управувач.

Според тоа што може да се види на видеото, експлозијата е толку силна што телото на Москалик беше фрлено до влезот, а остатоци летаа стотици метри наоколу.

Порталот „База“ објави дека овој автомобил го продал руски државјанин на млад човек од Азербејџан минатата година.

Бројни полициски сили, форензички експерти и специјални сили се на лице место, обезбедувајќи го местото на експлозијата и спроведувајќи истрага.

 

 

 

Поврзани содржини