ВОСКА СПОРТ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРВАТА ЛИГА Неспортскиот потег на мечот со Вардар скапо ги чини

Одлуката доаѓа ден откако Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја казни Воска за повлекувањето од теренот на дуелот против Вардар во минатото коло, одземајќи му 9 бодови.

685

Фудбалскиот клуб Воска Спорт соопшти попладнево дека се повлекува од натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига на 5 кола до крајот на сезоната.

Одлуката доаѓа ден откако Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја казни Воска за повлекувањето од теренот на дуелот против Вардар во минатото коло, одземајќи му 9 бодови.






Воедно, Воска беше казнета и со глоба од 7.500 евра, додека клупскиот претседател Нефи Усеини и тренерот Арбри Клодиан добија двегодишна суспензија.

Воска, која по одлуката на ФФМ е последнопласирана на табелата со 11 бодови помалку од Брера на 10. и Беса на 11. место, до крајот на првенството требаше да игра домашни натпревари со Тиквеш и Шкупи, како и гостински дуели против Брера, Пелистер и Беса.

Поврзани содржини