ВО ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ РЕШАВА ЕВРОПСКАТА СУДБИНА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето

Европскиот совет, повикувајќи се на претходните заклучоци, повторува дека ЕУ ќе продолжи со блиската соработка со Западниот Балкан и ќе ги поддржува напорите за реформи на патот кон членство.

1

Во контекст на новиот импулс во процесот на проширување и потсетувајќи на Декларацијата од Гранада, Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето и реформите на својот состанок во октомври 2026 година“, соопшти Европскиот совет по состанокот што се одржа на 18 и 19 јуни во Брисел.

Во однос на Западниот Балкан, Советот го поздравува одржаниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни 2026 година, кој придонесе за новиот замав во процесот на проширување.






Европскиот совет, повикувајќи се на претходните заклучоци, повторува дека ЕУ ќе продолжи со блиската соработка со Западниот Балкан и ќе ги поддржува напорите за реформи на патот кон членство.

Советот останува посветен на напредокот на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот во рамките на процесот на проширување, заснован на заслуги, но и со можност за реверсибилност на процесот.

Поврзани содржини