ВО МАРТ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ИЗДАДЕ НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА Димитриеска-Кочоска вели дека треба да се врати стар долг од 1,5 милијарди евра
Според министерката за финансии, тоа се долгови од еврообврзници внатрешени и надворешен долг во форма на кредити, како и државни записи кои со рочност до 12 месеци и кои, исто така во 2027 година се нешто околу 1,1 милијарда евра.
Владата сè уште не донеле одлука на Влада за нова еврообврзница но во план е да се издаде во март 2027 година, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која рече дека наредната година треба да се врати долг од 1,5 милијарди евра за еврообврзница и за неколку кредити.
Изјавата доаѓа по обвиненијата на опозицијата дека владата планира да се задолжи со нови 1,3 милијарди евра.
-На седницата на Влада сè уште не сме го разгледувале, но излезе како податок за новата еврообврзница која треба да се издаде во 2027 година. Долгот што го остави опозиција за 2027 е скоро 1,5 милијарда евра. Тоа се долгови кои тие ги имаат направено и ние треба да ги вратиме. Ова е она што значи хартии од вредност, внатрешени и надворешен долг во форма на кредити, меѓутоа имаме и државни записи кои се со рочност до 12 месеци и кои, исто така во 2027 година се нешто околу 1,1 милијарда евра. Плус треба да се финансира планираниот буџетски дефицит од 3,5%. Затоа, невкусно е прашањето од опозицијата: Зошто ни треба 1,3 милијарда евра? – рече Димитриеска-Кочоска.