ВМРО-ДПМНЕ ОТВОРА АФЕРА ЗА ЉУБОВНИКОТ НА ВОДНО Ова ли е службеното возило на шефот на Тигрите? (ВИДЕО)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиковски јавно постави прашање дали на фотографијата што го добила партијата од свиркачи е службеното возило „шкода октавија“ на Митко Даневски?

10,305

Зоран Заев и Оливер Спасовски молчат и не бараат расчистување на случајот „Потера по љубовникот на Водно“! Случај со за жал тројца повредени полицајци, уништено возило и случај во којшто најмногу се споменува командирот на полициските Тигри, Митко Даневски. Среде кризна состојба и среде забрана за движење, на Водно се случува бркотница со последици, а за МВР тоа е случај со НН лице- и толку!

Во врска со ова, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, праша:






– Дали се ова докази за аздисаниста и самоволието во МВР на Оливер Спасовски и на Зоран Заев, доказ за обид за измама на јавноста и сокривање на блиски луѓе на Заев за бркотница на Водно со тешки последици на  17 август? Дали е ова возилото по кое што се трага?

При тоа, Стоилковски објави фотографија од безбедносна камера од 17 август во 01:46:55. Таблиците не се видливи, поради светлосната заштита за фотографирање, возилото е со целосно затемнети стакла, но времето на фотографијата се поклопува со времето на потерата според соопштението на МВР.

– Дали ова е службеното возило „шкода октавија“ на Митко Даневски? Дали ова е возилото од возниот службен парк на единицата Тигри? Свиркачи од полицијата коишто не ги трпат повеќе притисоците во МВР, притисоците од Зоран Заев и од Оливер Спасовски се одважија да достават докази, за коишто веруваат дека ќе бидат скриени и уништени заради замачкување на случајот во кој што се најмногу споменува командирот на полициската единица Тигри, Митко Даневски – рече Стоилковски.

 

Поврзани содржини