ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ, ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН Разочараноста од системот резултира со нефункционирање на правната држава

Незаконското именување на обвинителката Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, поради оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, му донесе разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

1,372

Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, изјави владината портпаролка Марија Митева на денешната прес-конференција по завршувањето на владината седница.

– Разочараноста на Владата од постапувањата надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира резултира со нарушена доверба и со нефункционирање на правната држава. Прво се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност кој беше објавен денеска и каде што детално може да се види дека 4 точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во судството и во обвинителството. Последното именување на в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство е одлука која е незаконска, односно која е надвор од одредбите пропишани во Законот за јавно обвинителство – изјави Митева.






НОВАТА ШЕФИЦА НА СКОПСКОТО ВИШО ОБВИНИТЕЛСТВО Е ИМЕНУВАНА НЕЗАКОНСКИ Каква е оваа „игранка“ во Советот на јавни обвинители?

Во однос на цените на производите во маркетите, додаде таа, Владата денеска донесе неколку одлуки.

– Го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за ограничување на маржата на 10% во трговија на мало и 10% во трговија на големо за основните прехранбени производи. Листата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и да се дополни со бебешката храна. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа одлука ќе трае заклучно до 30 април годинава. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за јавно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање. Исто така, Владата го задолжи Министерството за економија да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и за земјоделие, каде што можат да се разгледуваат и други предлози и мерки коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба – изјави Митева.

Исто така, додаде таа, се донесе и прогарамата за заштита на ранливи потрошувачи на електрична енергија.

– Лицата коишто ги исполнуваат условите ќе се стекнат со финансиска поддршка, односно намалување на месечните сметки за електрична енергија во вредност од 1.000 денари во времетраење од 12 месеци – посочи Митева.

Поврзани содржини