ВЛАДАТА ИМА ИНДИЦИИ ЗА ЕДНА ФИРМА КОЈА ИЗВЕЗУВАЛА ПОЕВТИНЕТИ ГОРИВА Дополнително нема да се намалува ДДВ за горивата

Премиерот рече дека нема да има дополнително намалување на ДДВ за гориво, но дека останува намалената акциза.

70

Владата има индиции за најмалку една фирма од нафтениот бизнис која извезувала евтини деривати. Проверката на индициите е во тек и ќе бидат преземени мерки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека проверката од страна на Државниот инспекторат е покрената на основа на информации добиени од лица од  бизнисот.

– Проверките се почнати на основа на информации добиени од лица кои се во тој бизнис. Наше е да ги провериме тие индиции и тие течат – рече Мицкоски.

Тој рече дека нема информација дека во договорите со компаниите има клаузула за непродавање на горива надвор од земјата бидејќи не е во негова надлежност.

– Немам таква информација институциите кои треба да го знаат тоа ќе проверат. Но добив информација дека препродавањето и реекспорет се две различни работи- рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема да има дополнително намалување на ДДВ за гориво, но дека останува намалената акциза.

– Остануваме со намалената акциза за бензините и за дизелот, со намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на горива во регионот – рече Мицкоски.

Тој повтори дека според оценката на ММФ како држава е во првите три земји во Европа според аплицирани мерки во БДП.

– Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние сме горди што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните на соседните држави, меѓу кои што се Србија, Косово, Албанија и Грција, и делумно Бугарија. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот – реле Мицкоски.

 

 

Поврзани содржини