ФАНИ КАРАНФИЛОВСКА – ПАНОВСКА ОД УСАИД ДОБИЛА ДОНАЦИЈА ОД 1,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Со парите раководела како директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија

Плусинфо побара одговор директно од Фани Каранфиловска - Пановска, но таа не упати одговор на прашањето да побараме во СДСМ. Партијата тврди дека наводите на порталот Република биле „класична манипулација во функција на оцрнување на неистомислениците“.

4,021

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска-Пановска, во 2016 година, како извршна директорка на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191.546 американски долари.

Според документот до кој дојде порталот Република, средствата биле доделени на 1 октомври 2016 година, со рок на користење до 15 август 2021 година.






Во објавената документација не е наведена конкретната намена на овие средства, што отвора прашања околу нивната распределба и трошење. Донацијата пристигнала во периодот непосредно пред парламентарните избори во декември 2016 година, во време кога Шарената револуција имаше значајно влијание врз политичките случувања во земјата.

Фондацијата Отворено Општество – Македонија, која во тој период ја предводеше Каранфиловска-Пановска, беше дел од мрежата организации кои добиваа поддршка од меѓународни донатори, меѓу кои и УСАИД. Во јавноста се поставува прашањето за распределбата на овие средства, а се очекува одговор од Фондацијата или од Каранфиловска-Пановска за нивната намена и реализација.

Од СДСМ за Плусинфо велат дека текстот на порталот Република претставува класична манипулација во функција на оцрнување на неистомислениците, позната и прочитана метода на ДПМНЕ којашто сега ја гледаме во ново издание.

„Од ноември 2024 година, заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска извршува политичка функција во партијата. За сите информации околу проектите кои биле финансирани од страна на УСАИД ве упатуваме на различните субјекти кои се единствено надлежни да дадат одговори и кои немаат никаква врска со СДСМ“, велат од партијата.

Плусинфо побара одговор директно од Фани Каранфиловска – Пановска, но таа нѐ упати одговор на прашањето да побараме во СДСМ.

Поврзани содржини