(УРНЕБЕСНО ВИДЕО) КРИВАТА КУЛА ОД ПАРТИЗАНСКА Бетонска плоча го држи семафорот да не падне насреде булевар
Златен семафор тука во близина на салата „Борис Трајковски“, вие ќе одите во Пиза, дојдете тука да се сликате, говори Влатко Иљачев на својот профил на ТикТок.
На социјалната мрежа ТикТок е споделено урнебесно видео од семафор на булеварот Партизански одреди во Карпош кој е потпрен со бетонска плоча за да не падне.
Лицето кое го снимило видеото во него говори дека не е потребно да отидете во Пиза за да ја видите кривата кула, доволно е да тркнете до Карпош каде што може да се види ова ремек-дело.
– Македонска конструкција, братче. Гледај си ставил бетон за да го потпре семафорот. Слушај, каква кула во Пиза, гледајте го ова. Златен семафор тука во близина на салата „Борис Трајковски“, вие ќе одите во Пиза, дојдете тука да се сликате – говори Влатко Иљачев на својот профил на ТикТок.
@vladoilach♬ original sound – Vlatko Iljacev