📽️ УРНЕБЕСНА СВАДБА НА КСАНТИ Зетот заврши во лифт со пожарникари
Додека невестата го чекала почетокот на свадбената церемонија, младоженецот минувал низ сосема поинаква авантура. Тој и уште петмина негови пријатели влегле во лифт, но наместо на излезот, завршиле заглавени меѓу катовите.
Несекојдневна сцена од Ксанти стана хит на социјалните мрежи откако младоженец и петмина негови пријатели останале заглавени во лифт на пат кон црквата. Родителите повикале помош, па дошла противпожарната служба.
Видеото објавено на Тик Ток за само еден ден собрало повеќе од милион прегледи. Снимката брзо станала вирална. Причината била повеќе од очигледна.
„Наместо младоженецот да ја чека невестата, невестата го чека младоженецот“, напишал корисникот што го објавил видеото.
Од лифтот излегле 6 лица. Дел од нив не можеле да го сокријат олеснувањето. Му се заблагодариле на пожарникарот, а потоа буквално истрчале кон црквата.
@benjaminneofytidis Αντι να περιμενει ο γαμπρος την νύφη, περιμένει η νύφη τον γαμπρό 🤣 #greekwedding #γαμπροσ #fyp #foryour @Sele @Electra @Ripen ♬ original sound – Βενιαμίν Νεοφυτίδης