УНГАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ОЗОРА ЌЕ ЗАВРШИ ПРЕДВРЕМЕ ПОРАДИ ДВА СМРТНИ СЛУЧАЈА Трагедии на еден од најголемите транс настани во Европа
Организаторите на унгарскиот психоделичен фестивал Озора, еден од најголемите транс настани во Европа, денеска одлучија предвреме да го прекинат фестивалот поради смрт на двајца посетители.
Американец вчера паднал од една од декоративните конструкции околу главната бина. Властите и организаторот претпоставуваат дека 45-годишниот маж се самоубил. Вчера почина и 39-годишна Унгарка, „најверојатно поради интензивната горештина“.
Со оглед на овие трагични настани, сите музички програми ќе завршат денеска на полноќ, се наведува во соопштението на организаторите.
Озора се одржува од 24 јули во Дадпушта, централна Унгарија. Фестивалот требаше да трае до 4 август.