УКРАИНЦИТЕ ПОТАЈНО СЕ НАДЕВААТ ДЕКА РУСИЈА ЌЕ ГО ОДБИЕ ПРИМИРЈЕТО? Лукашенко вели дека ниту САД немаат јасен план за мир

Размислував за 30-дневниот прекин на огнот. Што бараат Украинците и Американците? На Украинците не им остана ништо, а Американците рекоа: 30 дена. Патем, можам со сигурност да кажам дека САД немаат план за конфликтот во Украина. Апсолутно немаат. Што прават тие? Го испитуваат теренот на новинарите, вели шефот на Белорусија.

772

Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека Украинците не сакаат да се согласат на 30-дневен прекин на огнот, но сметаат дека Русија прво ќе го одбие американскиот предлог.

Исто така Лукашенко смета дека САД немаат конкретен план за решавање на конфликтот во Украина. „






– Размислував за 30-дневниот прекин на огнот. Што бараат Украинците и Американците? На Украинците не им остана ништо, а Американците рекоа: 30 дена. Патем, можам со сигурност да кажам дека САД немаат план за конфликтот во Украина. Апсолутно немаат. Што прават тие? Го испитуваат теренот на новинарите – вели шефот на Белорусија.

Стив Виткоф, пратеникот на американскиот претседател Донал Трамп, е на разговори во Москва во врска со предлогот за примирје кој САД првично ѝ го предложија на украинска делегација при американско-украинската средба во Џеда во Саудиска Арабија.

Руските власти веќе испратиле до САД список со барања за договор што ќе ја заврши војната и ќе овозможи обнова на односите меѓу Москва и Вашингтон.

Поврзани содржини